Вечерва стартува новата сезона во Евролигата, најсилното кошаркарско натпреварување во Европа. Титулата ја брани Анадолу Ефес. Турскиот тим ќе се обиде да ја освои третата титула во низа. Ваков успех во минатото оствариле само Рига (1958-1960) и Југопластика Сплит (1989-1991).
Ефес се засили пред почетокот на новата сезона, во клубот пристигнаа Вил Клајбурн, Анте Жижиќ и Акиле Полонара, а ново договори добија Василије Мициќ и Шејн Ларкин.
Шпанските великани, Реал и Барселона, ќе бидат најголема закана за Ефес. Во кругот на фаворити уште се и Олимпија Милано, Фенербахче, Макаби, Монако.
Репрезенти на регионот, одноно на АБА лигата ќе бидат Црвена звезда и Партизан.
Сезоната 2022/2023 ќе се игра без клубовите од Русија. ЦСКА Москва, еден од основачите на Евролигата, нема да биде дел од елитата прв пат по 2001 година.
Новата сезона ќе ја отворат дуелите Панатинаикос-Реал, Асвел-Олимпија Милано, Макаби-Жалгирис, Баерн-Фенербахче и Валенсија-Басконија.