Top Sport

Проблем за Сити и Англија – Се повреди Кајл Вокер

Дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер ќе мора да мирува неколку недели.

Тој заработи непријатна повреда која ќе го оддалечи до Светското првенство во Катар, а не се знае дали ќе биде подготвен за Мундијалот.

Тоа го потврди и Пеп Гвардиола, кој реално нема многу опции на дефанзивните позиции.

„Вокер е повреден и тоа е проблем за нас. Немаме многу решенија на бековските позиции, а Вокер неколку недели принудно ќе паузира“, изјави Пеп.

Вокер е незаменлив во англиската репрезентација и во формацијата со четворица во задната линија и во формацијата 3-5-2 како десен стопер. Неговата повреда претставува голем проблем и за селекторот Герет Саутгејт.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');