Top Sport

Диого Далот прв приоритет на Барселона следното лето

Чави Ернандез и Барселона го избрале десниот бек на Манчестер јунајтед, Диого Далот како прв приоритет во следниот летен преоден рок, тврди каталонскиот весник „Спорт“.

Во минатото, Барселона беше поврзувана и со трансфер на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул бидејќи не се најсилни на позицијата на десен бек, но сега ќе се обидат да го добијат Португалецот, кој оваа сезона игра во одлична форма под новиот менаџер на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг.

Според „Спорт“, Барса шест години се обидува да најде вистинска замена за Дани Алвеш и сметаат дека токму Далот е вистинскиот човек и веќе контактирале со неговите агенти. Во Барса се сигурни дека ќе дојдат до договор, посебно откако ги обезбедија средствата за трансферот по договорот со Атлетико Мадрид за Антоан Гризман.

Scroll to Top