Top Sport

Мартинез: Азар беше во ноќен клуб пред поразот од Холандија

Белгискиот селектор, Роберто Мартинез потврди дека Еден Азар бил во ноќен клуб два дена пред поразот на Белгија од Холандија во меч од Лигата на нации.

Азар беше забележан во ноќен клуб во Брисел во септември пред 1:0 поразот од Холандија, со кој „оранје“ го обезбедија пласманот во завршницата на натпреварувањето, но Мартинез признава дека фудбалерот на Реал Мадрид добил дозвола за излегувањето, но додава дека не би сакал тој инцидент да се повтори.

„Веруваме во нашите фудбалери и тој доби дозвола да помине време со своето семејство, или со своите пријатели. Има јасна приказна зад излегувањето, но нема да зборувам во јавноста, тоа ќе биде решено интерно. Не би сакал ова да се повтори“, вели Мартинез.

Иако во Реал Мадрид има минимална минутажа, Азар останува важен фудбалер за белгиската репрезентација пред Светското првенстсво во Катар.

Scroll to Top