Top Sport

Конте во солзи по минутата молк за фитнес-тренерот Вентроне

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте заврши во солзи, додека неговиот тим излезе со маички со ликот на фитнес-тренерот Џан Пјеро Вентроне, кој почина оваа недела на 61 години.

Вентроне, кој работеше со Конте во Јувентус и во Тотенхем боледуваше од леукемија, и пред мечот со Брајтон имаше минута молк при кој емоциите го совладаа Конте. Фудбалерите излегоа на теренот со маички на кои пишуваше: „Секогаш во нашите срца, Џан Пјеро“.

„Многу е тешко да се најдат зборови за Џан Пјеро. Сите сме во болка од тоа што му се случи. Но, животот понекогаш носи и вакви моменти. Мораме да продолжиме, бидејќи знам дека Џан Пјеро сакаше да останеме силни“, изјави пред мечот Конте.

Вентроне покрај со Тотенхем работеше и во Катанија, Сунинг, Евергранде и Ажаксио, а беше познат по тоа што бараше максимална физичка подготвеност од неговите фудбалери.

Scroll to Top