Top Sport

Тоти целосно го менува животот по разводот, веќе нема да е фудбалски агент

Легендата на Рома, Франческо Тоти се решил да направи „целосна промена“ на неговиот живот по разводотсо Илари Блази, одлучувајќи веќе да не работи како фудбалски агент, тврди весникот „Ил кориере дело спорт“.

Поранешниот капитен на „волчицата“ неодамна се раздели со Блази по 20 години заедно и 46-годишниот Тоти веќе има нова партнерка во помладата Ноеми Боки, за сега да реши да го смени и професионалниот живот. Тој ќе остане сопственик на „ЦТ10“ менаџерската компанија, но веќе нема да биде вклучен во преговорите, со шпекулации дека ќе се врати во Рома под новите американски газди, семејството Фридкин.

Тоти продолжува да игра фудбал, играјќи во аматерскиот шампионат со осум фудбалери со неговиот тим „Тоти спортинг клуб“, а медиумите шпекулираат дека поради разводот ќе има сериозни финансиски проблеми.

Scroll to Top