Макс Ферстапен ја освои својата втора последовна светска титула во Формула 1 по неверојатната победа на Големата награда на Јапонија. На патеката Сузука, Холанѓанецот победи со повеќе од 20 секунди предност, иако трката се возеше само 28 од планираните 53 круга.
„Лудило, многу измешани чувства. Каква година имавме досега, беше неверојатно. Никогаш не замислував дека можам однапред да ја освојам титулата, особено по минатата година кога се боревме до крај. Благодарен сум на сите што придонесоа за овој успех, на целиот тим што е тука. Но, и на сите што се во фабриката, на оние луѓе кои постојано работат. Никогаш не им недостасува мотивација да го направат болидот побрз“, изјави Ферстапен.
Во многу тешки услови на јапонската патека, возачот на Ред Бул возеше на совршен начин и заслужено триумфираше, со што ја обезбеди титулата. За ова му помогна и казната што ја доби Шарл Леклер, со што падна од второто на третото место, зад Серхио Перез.
Поради оваа причина, Холанѓанецот дозна дека стана светски шампион втора година по ред дури по завршувањето на трката.