Top Sport

Касано: Јуве може да се шампиони уште во февруари

Антонио Касано вели дека разликата на квалитетот меѓу Јувентус и остатокот на Серија А е толку голема што „старата дама“ може да ја запечати титулата уште во февруари.

Јувентус има седум титули во низа во Италија, така што сега целта е титула од Лигата на шампионите, поради што во тимот беше донесен Кристијано Роналдо. Касано вели дека Јуве е „три-четири години пред конкуренцијата“.

„Има тимови како Интер, Рома и Лацио кои се засилија. Наполи загубија многу, а Јувентус се нешто сосема поинаку. Тие се како Болт во спринтот – ако сакаат одат на победа. Можат да ја освојат титулата до февруари и потоа да мислат на Лигата на шампиони. Предноста е навистина огромна: тие се програмирани на поинаков начин поради своите идеи, одлуки и приходи“, вели Касано.

Фото: ЕПА

Scroll to Top