Францускиот прволигаш Лион се подготвува да го отпушти тренерот Петер Бош, а негов наследник треба да биде Лорен Блан. Холандскиот стратег нема победа на последните пет натпревари со Лион и тоа најверојатно ќе биде кобно за неговиот престој во францускиот клуб.
Лион моментно е на седмата позиција во Лига 1 со 14 освоени бодови, дури 12 помалку од лидерот Пари Сен Жермен.
Поранешниот селектор на Франција и тренер на Пари Сен Жермен, Лорен Блан, последниот работен ангажман го имаше во Ал Рајан, но си замина во февруари годинава поради лоши резултати.