Top Sport

Играч на Брајтон поради срцева мана ја заврши кариерата

Играчот на Брајтон, Енох Мвепу мора да ја заврши кариерата на 25 години поради срцева мана.

Енох Мвепу дознал дека има ретка срцева мана, поради што мора да стави крај на кариерата. Овој фудбалер од Замбија четири години играше во Австрија во тимот на Салцбург. Во 2021 година тој се пресели во Брајтон, одигра 24 натпревари и постигна два гола.

„Тој и неговото семејство имаа трауматични неколку недели и сите сме благодарни што го издржа тој период. Имаше перспективна кариера која мора да заврши и покрај неговата младост. Како клуб му ја даваме сета љубов, помош и поддршка што можеме за да може целосно да закрепне. Потоа тој ќе одлучи кои се следните чекори во неговиот живот“, изјави првиот човек на Брајтон, Тони Блум.

Енох, не се чувствувал добро додека бил на пат кон Африка за да се приклучи на репрезентацијата на Замбија. Извесно време поминал во болница во Мали, а потоа се вратил во Брајтон каде што му биле извршени детални кардиолошки прегледи.

Тестовите откриле дека има срцева мана што го спречува да биде професионален спортист.

Scroll to Top