Британскиот спринтер Си Џеј Уџа е суспендиран на 22 месеци поради позитивниот допинг тест на минатогодишните Олимписки игри во Токио. Уџа како член на штафетата на Велика Британија освои сребро во штафетната трка на 4х100 метри.
Казната се однесува на периодот од 6. август минатата година кога се одржа штафетна трка во која Уџа беше допингуван, а ќе трае до јуни 2023 година. Исто така, Велика Британија го загуби тој сребрен медал на Игрите уште порано бидејќи Уџа беше позитивен на Остарин и С-23.
Спринтерот се бранеше дека овие недозволени супстанци не ги внесувал намерно, туку дека завршиле во неговиот организам откако земал одредени суплементи. Рекол дека несвесно земал контаминирана супстанца.
Остарин и С-23 имаат инаку сличен ефект на тестостеронот и се строго забранети од анти-допинг агенциите.