Top Sport

Вулверхемптон преговара со Лопетеги

Вулверхемптон неодамна остана без менаџер, бидејќи Португалецот Бруно Лаж доби отказ. Сега тие се заинтересирани за довчерашниот тренер на Севилја, Хулен Лопетеги, поради што првиот човек на клубот Џеф Ши отпатува во Шпанија.

Лопетеги, минатата недела доби отказ во Севилја по серијата лоши резултати. Тој феноменално го водеше овој тим во претходните сезони, ја освои Лигата на Европа во 2020 година, минатата сезона, во две третини од првенството Севилја се наоѓаше на второто место во Примера.

Лопетеги пред Севилја беше тренер на Реал Мадрид и селектор на шпанската репрезентација. Исто така беше тренер на Порто и младите шпански репрезентации.

Инаку, ова не е првпат Волвс и Лопетеги да преговараат. Тие беа во контакт пред шест години кога Шпанец беше и прв пик на клубот од Вулверхемптон.

Има само една причина зошто Лопетеги може да ги одбие Вулвс. Неговиот татко е болен, а тој сака да е што е можно поблиску до него.

Вулвс се 18. на табелата во Премиер лигата.

Scroll to Top