По шпекулациите дека Килијан Мбапе сака да си замине од Пари Сен-Жермен веќе во јануари, француските медиуми тврдат дека и Луис Кампос, кој има улога на посебен советник (спортски директор) на клубот сака да си замине, само неколку месеци откако пристигна на „Паркот на принцовите“.
Кампос го сметаат за еден од најдобрите спортски директори на денешницата, откако успеа да пронајде таленти како Килијан Мбапе, Хамес Родригез, Бернардо Силва и Фабињо работејќи во Лил и Монако. Според „Ле паризиен“, Кампос е во конфликт со претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи и со директорот за фудбал, Антерон Енрике.
Весникот исто така тврди дека Мбапе е близок со Кампос, откако се познаваат добро од времето во Монако, кога тој го промовираше во првиот тим на клубот од кнежевството.