Top Sport

Кога Бугар и Словенец најдобро се разбираат на српски

Пред интервјуто на поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов со словенечката „Арена спорт“ имаше интересен разговор меѓу бугарската фудбалска легенда и новинарот, но на српски јазик.

Бербатов, кој во Јунајтед беше голем пријател со Немања Видиќ, со кого играа четири години заедно, беше зачуден од тоа што го слуша во подготовката за интервјуто, па праша.

„Брате, дали си добро? Чекај малку, вие сте Србија?“, праша Бербатов.

„Не, Словенија, ама зборуваме српски“, одговори словенечкиот новинар.

„Зборувате српски? Браво“, беше одговорот на Берба.

Scroll to Top