Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Габриел Агбонлахор се вклучи во вербалниот конфликт меѓу Јирген Клоп и Дитер Хаман. Тој застана на страната на Хаман, кој го испровоцира Клоп со изјавата дека на Ливерпул му треба искра.
Тој цитат го искористи еден новинар на прес-конференцијата пред гостувањето на Ливерпул во Глазгов.
„Одличен, фантастичен извор, многу почитуван насекаде“, саркастично одговори Клоп, алудирајќи на фактот дека неговиот сонародник Хаман не е миленик на навивачите во ниту еден од клубовите за кои играл и дополни.
„Тоа што сте биле играч на Ливерпул не ти дава право да зборуваш што сакаш, особено кога немаш поим. Мислам дека Диди Хаман не заслужува да биде спомнат за да ми сепостави прашање. Направи ми услуга и обиди се да поставиш прашање без да го употребиш зборот искра. Тоа е вашиот предизвик сега“.
Агбонлахор смета дека сарказмот во одговорот на Клоп е доказ дека успешниот германски стратег пука под притисок.
„Ми изгледаше како мало дете. Зарем Хаман не ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул и имаше фантастична кариера? Ако не може да зборува за Ливерпул, кој може? Дали се тоа само Роби Фаулер, Јан Раш и Стивен Џерард? И мое мислење е дека Клоп ја губи својата искра, пука под притисок“, истакна Агбонлахор.