Top Sport

29 години од првиот меч на фудбалската репрезентација на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација на денешен ден пред 29 години го одигра историскиот прв натпревар и оствари победа против Словенија (1:4).

Првиот гол за нашиот репрезентативен тим го постигна Зоран Бошковски уште во 5. минута од овој натпревар. До крајот на убедливата победа се надоврзаа уште и Најдоски, Панчев и Јаневски од пенал.

Македонија настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Марковски, Канатларовски, Најдоски, Јаневски, Бошковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.

Scroll to Top