Случајот на Килијан Мбапе и неговата наводна желба да си замине од Пари Сен-Жермен што е можно побргу, добива поинаква димензија откако неговата мајка, Ламари Фајза го поддржа својот син и ги обвини ПСЖ за „хајка“ против неговиот син.
Ова доаѓа откако францускиот спортски весник „Л’Екип“ објави дека Мбапе предизвикал „раздор“ во ПСЖ и ја губи поддршката од неговите соиграчи, кои се лути на неговата привилегирана позиција во клубот по потпишувањето на договорот вреден 700.000 евра неделно по одбивањето на понудата од Реал Мадрид.
Ламари на социјалните мрежи сподели еден коментар од фан на Мбапе кој вели дека тој е жртва на кампања организирана од клубот која врши притисок во јавноста и дека тоа е причината за неговата желба за заминување.
„Корисноста на информациите кои се обидуваат да го оцрнат Килијан? Доказ дека тие водат кампања против него“, се вели во објавата.
Во исто време, „Медијапарт“ тврди дека ПСЖ има „армија“ на лажни профили на социјалните мрежи кои ги користи за напад на сопствените фудбалери преку коментари. Тие додаваат дека ПСЖ преку агенцијата за социјални мрежи, вршаат притисок на своите фудбалери, но и на некои директори од други француски клубови.
ПСЖ го отфрлија ова преку објава за медиумите.
„Клубот никогаш не контактирал со агенција за да наштети на личности или клубови. Последната година ја потрошивме за обнова на договорот на Мбапе со најголемиот во спортот во кој беше вклучен и претседателот Макрон, и верувате дека во исто време го троламе на социјалните мрежи?“, се вели во необичната објава на ПСЖ.
L’utilité de l’informations a pars de dénigrer Kylian ? Une preuve que ils mènent tous une campagne de dénigrement qui pousse au dégoût de Kylian pour le pousser vers le départ …
— Islem Yarichen (@islem_945dz) October 13, 2022