Top Sport

Милан склучија партнерство со Њујорк јенкис

Во нов обид да се прошират на американскиот пазар, Милан склучија нова соработка со славниот безбол тим, Њујорк јенкис.

„Росонерите“ беа купени за 1.2 милијарди евра од Џери Кардинале и американската „Редбрд“ групација оваа година, по што почнаа со склучување на договори со американски компании, како „Ворнер брос“ за промоција на новиот филм на Двејн „Рок“ Џонсон, кој им прати посебна порака на навивачите на Милан.

Со соработката со Јенкис, дресови и опрема на американскиот клуб ќе бидат достапни во фан-шоповите на Милан, додека опремата на Милан веќе е достапна да се купи на стадионот „Јенки“ во Њујорк.

Според неодамнешната анкета на „Југов“, Милан се најпопуларниот фудбалски бренд од Италија во САД, со фантастични 24 милиони симпатизери.

Scroll to Top