Рома на Жозе Мурињо успеа да ги заддржи шансите за пласман во нокаут фазата на Лига Европа, откако на „Бенито Вилјамарин“ успеаја да извлечат 1:1 реми.
Серхио Каналес во 34. минута ги донесе Бетис во водство, пред Андреа Белоти во 53. минута да израмни на 1:1. По поразите од Лудогорец на гости и од Бетис дома, на „волчицата“ сега им требаат две победи против Лудогорец дома и против ХЈК Хелсинки на гости за да влезе во нокаут фазата.
Арсенал, пак, кои имаат само три одиграни мечеви поради одложувањето на мечот со ПСВ, ја забележија и третата победа, со тесни 0:1 на гостувањето кај секогаш незгодниот норвешки Бодо/Глимт. Одлучувачкиот гол на мечот беше дело на Букајо Сака во 24. минута од мечот, истиот ден кога беше објавено дека ќе биде на насловната страница на американскиот магазин „Тајмс“.
Пласман во нокаут фазата, пак, обезбеди Фенербахче на Езѓан Алиоски по 1:2 победата на гости кај АЕК Ларнака на Иван Тричковски. Алиоски му асистираше на Жоао Педро во 16. минута од мечот, пред токму Тричковски да израмни од пенал во 52. минута. До крајот на мечот беа досудени уште два пенали за турскиот клуб – Мичи Батшуаи беше прецизен во 80. минута, пред Енер Валенсија да го утне својот обид четири минути подоцна.
ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО
ГРУПА А
Бодо/Глимт – Арсенал 0:1
ГРУПА Б
АЕК Ларнака – Фенербахче 1:3
Динамо Киев – Рен 0:1
ГРУПА Ц
Реал Бетис – Рома 1:1
ГРУПА Д
Унион Сен Жил – Брага 3:3
ГРУПА Ф
Феенорд – Митјиланд 2:2
ГРУПА Г
Нант – Фрајбург 0:4
Карабаг – Олимпијакос 0:0