Италијанскиот весник „Тутоспорт“ објави список од 20 фудбалери, кои влегле во конечната листа на кандидати за наградата „Златно момче“ која се доделува на најдобриот млад фудбалер во светот.
На листата се играчите на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми и Џуд Белингем, а потоа следуваат Ансу Фати, Гави и Педри од Барселона, Рајан Гравенберг, Џамал Мусиала и Матијс Тел од Баерн, Антонио Силва од Бенфика, Едуардо Камавинга од Реал Мадрид, Фабио Карваљо од Ливерпул, Вилфрид Гнонто од Лидс, Јошко Гвардиол од Лајпциг, Фабио Мирети од Јувентус, Нико Гонзалес од Валенсија, Нуњо Мендес од Пари Сен Жермен, Џорџо Скалвини од Аталанта, Бенџамин Сешко од Салцбург, Дестини Удоги од Удинезе и Никола Залевски од Рома.
Here’s the final list of 20 candidates to win the European Golden Boy 2022 ⭐️🥇 #GoldenBoy2022
Proud to be in the jury this year as I’ve already voted! 🤝🏻
Who’s your favourite talent of the year? @GoldenBoyAwards pic.twitter.com/0mTuICpCsu
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 14, 2022
Наградата се доделува на играчи помлади од 21 година. Ова признание се доделува од 2003 година, а прв добитник е Холанѓанецот Рафаел ван дер Варт.
Меѓу другите го освоија Лионел Меси, Вејн Руни, Серхио Агуеро, Цеск Фабрегас, Марио Балотели, Пол Погба, Иско, Жоао Феликс, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд…