Жозе Мурињо тренерот на Рома, побарал од клупските челници едно засилување во зимскиот преоден рок. На списокот се тројца играчи. Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е заинтересирана за тројца квалитетни играчи, кои на крајот од сезоната ќе бидат слободни играчи.
Скаутите на Рома ги следат Даглас Луиз од Астон Вила, Ауар од Лион и Себаљос од Реал Мадрид.
Во изминатите четири кола Бразилецот беше на теренот сите деведесет минути во три натпревари, јасно е дека Џерард би сакал да го задржи во тимот.
Од друга страна, Ауар, поради проблемите со повредите, оваа сезона одигра само половина час во дресот на Лион.
Што се однесува до Себаљос, Шпанецот добива одредени минути во Реал, но јасно е дека тој ќе замине од тимот.