Top Sport

Жоржињо сака да остане во Челси

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо има намера да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб и покрај интересот од Барселона.

Договорот на Бразилецот со италијански пасош истекува следното лето. Според шпанските медиуми Барселона сака да го искористи тоа и да го донесе бесплатно италијанскиот репрезентативец.

Барселона е во потрага по искусен играч за врска како замена за капитенот Серхио Бускетс, кој речиси сигурно ќе го напушти каталонскиот клуб. Шпанскиот репрезентативец се поврзува со преселба во САД по истекот на неговиот договор следната сезона.

Сепак, според британските медиуми, менаџерот на Жоргињо, Жоао Сантос посочил дека 30. годишниот фудбалер се надева дека ќе потпише нов договор со Челзи.

Scroll to Top