Минатогодишната победничка на Бостонскиот маратон, Дијана Кипјокеи, доби суспензија откако беше позитивна на допинг тест.
Атлетичарката од Кенија, исто така е обвинета за попречување на истрагата. Одделот за интегритет во атлетиката (AIU) соопшти дека во нејзиниот примерок, по победата минатиот октомври, имал траги од триамцинолон ацетонид.
AIU објави дека вкупно 10 натпреварувачи од Кенија биле позитивни на оваа супстанца, додека само два случаи се регистрирани во остатокот од светот од почетокот на минатата година.
28. годишната Кипјокеи се соочува со четиригодишна суспензија, а сигурно ќе и биде и одзмене победата во Бостон.
Покрај неа, поради допинг суспендирана е уште една спортистка од Кенија, Бети Вилсон Лампус.