Фудбалерите на Џирона и Кадиз одиграа нерешено 1:1 (0:0) во првиот натпревар од саботната програма во Ла Лига. Пресметката на екипите од долниот дел на табелата, беше решена во 102.минута.
Во првото полувреме двете екипи имаа по една шанса, првата закана ја упатија играчите на Џирона во 35. минута кога беше изблокиран ударот на Арнау Мартинез. Две минути подоцна Рубен Сорино лошо шутираше кога имаше ситуација „еден на еден“ , но голманот Мартин Хуан Карлос.
Веднаш на почетокот на второто полувреме Алекс Фернандес со прецизен удар во долниот лев агол ја затресе мрежата на Џирона.
Во 55. минута Иван Алехо можеше да ја зголеми предноста на гостите, кога од непосредна близина го префрли голот на противникот.
Џирона имаше шанса во 67. минута преку Валентино Кастеланос, а потоа ВАР им поништи гол на домаќините во 74. минута. На акцијата која претходеше на голот и претходеше прекршок во нападот.
Во 90. минута на Кадиз, поточно на Брајан Окампо му беше поништен гол поради офсајд, а потоа видовме вистинска драма и дури 11 минути продолжение.
Во десеттата минута од судиското надополнување, судијата Бенгоачеа досуди пенал за Џирона, ВАР ја потврди одлуката, а Кристијан Стуани пеналот го претвори во 1:1 во 102.минута.