Top Sport

Тежок пораз на Чаби Алонсо и Леверкузен во Франкфурт

17 гола беа постигнати на четирите попладневни натпревари во Бундес лигата. Ајнтрахт и Штутгарт забележаа убедливи победи, Мајнц го победи Вердер во Бремен, а Волфсбург и Менхенгладбах ремизираа.

Ајнтрахт го декласира Баер Леверкузен со 5:1. За новиот тренер на Леверкузен, Чаби Алонсо, ова е втор убедлив пораз. Алонсо мандатот на клупата на Леверкузен го започна со убедливиот пораз над Менхенгладбах, а потоа за четири дена доживеа два порази од Порто во ЛШ и Ајнтрахт.

Натпреварот го обележа реакцијата на ВАР, кога по 30 секунди судијата доби инструкции да го повтори пеналот за Ајнтрахт, откако претходно Храдецки го одбани ударот на Муани и брилијантниот гол на Линдстром во стилот на чешкиот мајстор, карел Поборски.

Штутгарт со 4:1 го победи Бохум. Дуелот на тимовите кои се во долниот дел од табелата г обележа Силас со два гола.

Вердер Бремен нема победа против Мајнц од 2012 година. Мајнц со головите на Ингвартсен и ае-Сунг во 66. минута победи во Бремен. Овие два тима сега се изедначени на средината на табелата, со по 15 бодови.

Победник немаше само во Волфсбург, каде истоимената домашна екипа и Борусија Менхенгладбах ремизираа 2:2. Гостите двапати имаа предност, по головите на Тирам во 13 и 48 минута. Волфсбург се враќаше преку Герхард во 43. минута и Мармус во 69. минута.

Scroll to Top