Top Sport

Вориорс му дадоа на Пул 140.000.000 долари

Голден стејт Вориорс постигнаа договор со Џордан Пул. Кошаркарот ќе потпише нов четири годишен договор. Во овој период Пул ќе заработи 140.000.000 долари, објавија менаџерите на кошаркарот Дру Морисон и Остин Браун.

Двете страни ги договориле сите детали и се ќе биде официјално до понеделник, кога истекува рокот за продолжување на играчите од драфт класата 2019 година.

Сето тоа доаѓа откако Дрејмонд Грин на тренинг го претепа Пул и ја шокираше целата американска јавност.

Пул има 23 години и е еден од најдобрите млади беков во лигата.

Во 2019 година беше 28. пик на драфтот. Минатата сезона тој имаше значаен допринос во освојувањето на титулата.

Тој започна 51 натпревар за Голден Стејт минатата сезона и имаше просек од 18,5 поени, четири асистенции и 3,4 скока по натпревар.

Scroll to Top