Јувентус го доби градското дерби против Торино со 1:0. На стадионот на Торино стрелец на единствениот гол беше Душан Вчаховиќ во 74.минута од натпреварот.
Јувентус, ја прекина лошата серија, која кулминираше со поразите од Милан во Серија А и Макаби во Лигата на шампионите.
Тимот на Макс Алегри повторно не блескаше но успеа да забележи победа. Имаа играчите на Јувентус неколку добри шанси во текот на натпреварот, меѓутоа на голот на Торино блескаше Вања Милинковиќ-Савиќ.
Братот на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, сепак капитулираше во 74.минута, кога неговиот соиграч од српската репрезентација, Влаховиќ, успеа да му избега на Аина и од два метри да ја смести топката во голот.
Јувентус по четвртата победа во сезоната се наоѓа на седмата позиција со 16 поени. Торино ја продолжи лошата серија, овој тим на последните пет натпревари има освоено само еден бод. Торино со 11 поени се наоѓа на 11.место.