Top Sport

Кејн и Хојберг го „скршија“ Евертон

Тотенхем славеше победа над Евертон од 2:0, во 10.коло во Премиер лигата. Со овој триумф екипата на Антонио Конте го задржа чекорот со водечките две екипи во лигата, Арсенал и Манчестер сити.

Тотенхем долго време го кршеше отпорот на Евертон, чии фудбалери два пати беа во ситуација „еден на еден“ против Љорис. Во првото полувреме не успеа Греј, а во второто Онана.

Кејн го постигна првиот гол од пенал во 59.минута, а точка на натпреварот стави Хојберг во 84.минута.

Тотенхем се трети на табелата со 23 бода, Евертон е на 14.место со 10 поени.

Scroll to Top