Top Sport

Партизан загуби добиен меч, Фенербахче и Барса со убедливи победи

Партизан го претрпе и третиот пораз во третото коло во Евролигата, откако имаше „добиен“ меч против Олимпија Милано, пред да колабира во финишот за 75:80 пораз.

Во првиот евролигашки меч на домашен терен по повеќе од осум години, тимот на Жељко Обрадовиќ имаше 71:62 предност на шест минути пред крајот, но потоа постигнаа само уште четири поени за неславен пораз.

Во Минхен пак, Николас Лапровитола ги предводеше Барселона со 14 поени и 4 тројки за 84:73 победа над Баерн Минхен, откако го скршија отпорот на домаќините во второто полувреме. Барса водеше со 37:34 на полувреме, но потоа со низа поени поведо со 61:45, момент од кој немаше враќање за Баерн. Ова е трет пораз во низа за Баерн, додека Барса сега има 2-1 скор.

И Фенербахче се вратија во фуриозна форма, победувајќи го Асвел со 84:63. Тимот на Димитрис Итудис ја презеде контролат во финишот на првата четвртина, за потоа рутински да стигнат до побед. Карсен Едвардс го имаше најдобриот меч од пристигнувањето во Фенер со 19 поени, а Скоти Вилбекин додаде 15 поени. За Асвел, Јусуфа Фал имаше 17 поени.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО
Фенербахче – Асвел Лион 84:63
Макаби Тел Авив – Монако 78:70
Баерн Минхен – Барселона 73:84
Партизан – Олимпија Милано 75:80

Scroll to Top