Top Sport

Цел свет му се смее на Џејмс Харден

Џејмс Харден беше актер на еден од најлошите напади во поновата историја на кошарката.

Во втората половина од втората четвртина, Харден тргна во напад, неговиот ривал Маркус Смарт се обиде да изнуди фаул во напад. Имаше мал контакт меѓу нив двајца, а Смарт „летна“пет метри од Харден, оставајќи го целосно сам на шутот за три поени.

И тогаш на сцена стапи бекот на Филаделфија. Прво го понижи ривалот со „тресење“ на рамениците, а кога сите очекуваа лесна тројка, тој фрли топката ја фрли во „бунар“.

Поради овој потег Харден фановите му се смеат на еден од најдобрите играчи во лигата.

Инаку, Харден одигра одличен натпревар, постигна 35 поени (9/14 од поле, 5/9 тројки), а имаше и осум скока и седум асистенции.

 

Scroll to Top