Хозе Гаја го продолжи договорот со Валенсија. Левиот бек ќе остане на „Местаља“ до јуни 2027 година. Тренерот Џенаро Гатузо инсистирал капитенот да добие нов договор. За време на репрезентативната пауза, Италијанецот бил во Сингапур, каде од газдата Питер Лим побарал побарал нов договор за левиот бек.
Колку Гатузо го цени, потврдува и неговата изјава по гостувањето кај Севилја. Гаја во судиското надополнување, во 102.минута, го промаши пеналот кој можеше да и донесе победа на Валенсија.
„И Марадона промашуваше пенали. Промашуваат и некои од најдобрите светски фудбалери, така што се е во ред што се однесува до Гаја“, рекол Гатузо.
„Од капитен до легенда“, така Валенсија го обајви потпишувањето на новиот договор со Гаја.
Гаја ќе остане на „Местаља“ до 2027 година и со тоа практично целата негова кариера ќе биде врзана за „лилјаците“. Од младинската школа беше прекомандуван во првиот тим во 2014 година, го освои Купот на кралот во 2019 година, одигра 298 натпревари и наскоро ќе биде еден од петмината со најмногу настапи за клубот.
De capitán a LEYENDA 🦇 pic.twitter.com/qFdIAZBMzF
— Valencia CF (@valenciacf) October 19, 2022