Жељко Обрадовиќ никогаш во кариерата немал три порази на стартот од едно европско натпреварување. Тренираше шест екипи, а во 28. сезона во која го водеше тимот во едно од европските натпреварувања, српскиот стручњак доживеа порази како тренер на Партизан од Алба, Басконија и Армани.
Во својата прва европска сезона, Обрадовиќ го предводеше Партизан до три победи во групната фаза против Комодор од Холандија, Маес од Белгија и Филипс од Милано. Во следните сезони Обрадовиќ, 14 пати стартуваше со три победи.
Девет пати Обрадовиќ со своите тимови имаше две победи и еден пораз, а само четири пати имаше скор 1-2 на почетокот од европско натпреварување.
Можност да ја прекина лошата серија, Обрадовиќ ќе има утре, кога во четвртото коло Партизан ќе го пречека Виртус.