Од Колумбија ни доаѓа една необична фудбалска приказна, откако дефанзивецот на клубот Санта Фе, Геисон Переа стана хит на Интернет откако во обид да го попречи противничкиот фудбалер од тимот на Јагуарес де Кордоба при изведување на слободен удар му го покажа пенисот.
Сепак, необичниот гест успеа, бидејќи од слободниот удар не се дојде во ситуација за гол, иако неговиот тим загуби со 2:1 со гол во 94. минута.