Селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ, отпишал од репрезентацијата четворица фудбалери кои во изминатата деценија беа неизоставен дел од националниот тим.
Стручњакот од Босна и Херцеговина повеќе нема да ги повикува во репрезентацијата Јохан Џуру, Валон Бехрами, Желсон Фернандез и Стефан Лихштајнер.
Оваа вест е главна тема во швајцарските спортски медиуми, а најлошо ја примил Бехрами кој верува дека одлуката на селекторот има политичка заднина.
„Петковиќ ми се јави и мислев дека само сака да разговараме, но тој ми ја затвори вратата. Селекторот има право да каже што сака, но ова е политичка работа“, рекол Бехрами кој потекнува од Косово.
Бехрами за Швајцарија дебитирал во 2005 година и одиграл 83 натпревари. Настапил на четири светски првенства и единствен е од Швајцарците со такво достигнување во историјата.