Италијанските медиуми тврдат дека има четири заинтересирани странки за купување на Интер, откако кинеските газди „Сунинг“ ангажираа уште една банка за да најде инвеститори или купувачи. „Фајненшл тајмс“ потврди дека „Рејн групцијата“, која го организираше наддавањето за Челси во текот на летото, сега работат со „Голдман Сакс“ во барање на инвеститори.
Според „Калчомеркато“, има четири сериозни кандидати, од кои два доаѓаат од САД. Најсериозна опција е групацијата предводена од Марк Ласри, ко-сопственикот на НБА тимот на Милвоки Бакс, а во игра е уште еден газда на НБА тим, првиот човек на Сакраменто кингс, Вивек Рандив.
„Инвесткорп“ групацијата од Бахреин, која беше пред купување на градскиот ривал, Милан, исто така е во игра, а најблизок до клубот е швајцарскиот бизнисмен со италијанско потекло, Ернесто Белтарели, кој е сопственик на фармацевтската компанија „Сероно“ и поранешен прв човек на банката „УБС“.
Претходно, „Медијасет“ тврдеше дека кинеските газди би прифатиле понуда од 1.2 милијарди евра за италијанскиот гигант.
#Inter in vendita 4 compratori all'analisi dei conti. Spunta #Bertarelli, l'ex patron di Alinghi https://t.co/DMqZDmV7gV
— calciomercato.com (@cmdotcom) October 19, 2022