Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2:0 на „Олд Трафорд“, но ден потоа сите зборуваат за скандалот што го предизвика Кристијано Роналдо кој реши предвреме да си замине во соблекувалната додека мечот се уште траеше.
Камерите многу јасно го уловија моментот кога Португалецот го напушти теренот откако не доби шанса да настапи.
„Да бев тренер на Манчестер Јунајтед, ќе го задавев! Би го прашал: Па што правиш? Но неговото однесување е неприфатливо“, изјави Дион Даблин, кој го носеше дресот на Манчестер Јунајтед од 1992 до 1994 година. Тој сега работи како фудбалски аналитичар на „Amazon Prime“.
Менаџерот Ерик тен Хаг изјави дека денеска ќе го решава случајот со Роналдо.