Фудбалерот на Барселона, Гави ја доби наградата „Голден бој“, која ја доделива „Тутоспорт“. Наградата Гави ја наследи од соиграчот Педри. Гави е третиот фудбалер на Барселона кој ја добил оваа награда, во 2005 година таа заврши во рацете на Лионел Меси.
Гави, во понеделникот, истото признание го доби и од „Франс фудбал“, на церемонијата кога Карим бензема ја доби Златната топка. Наградата на „Тутоспорт“ ќе му биде врачена на 7.ноември.
Гави зад себе ги остави Едуардо Камавинга од Реал и и Џуд Белингам од Дортмунд.
18.годишниот Гави досега има одиграно 61 натпревар за првиот тим на Барселона. Тој постигна два гола и забележа седум асистенции. На „Камп Ноу“ пристигна од Бетис во 2015 година.
Сите досегашни добитници на наградата „Голден бој“:
2003: Рафаел ван дер Варт (Ајакс)
2004: Вејн Руни (Евертон/Манчестер Јунајтед)
2005: Лионел Меси (Барселона)
2006: Сеск Фабрегас (Арсенал)
2007: Серхио Агуеро (Атлетико Мадрид)
2008: Андерсон (Манчестер Јунајтед)
2009: Алесандре Пато (Милан)
2010: Марио Балотели (Интер/Манчестер Сити)
2011: Марио Геце (Борусија Дортмунд)
2012: Иско (Малага)
2013: Пол Погба (Јувентус)
2014: Рахим Стерлинг (Ливерпул)
2015: Ентони Марсијал (Монако/Манчестер Јунајтед)
2016: Ренато Санчез (Бенфика/Баерн Минхен)
2017: Килијан Мбапе (Монако/ПСЖ)
2018: Матијс де Лихт (Ајакс)
2019: Жоао Феликс (Бенфика/Атлетико Мадрид)
2020: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд)
2021: Педри (Барселона)
2022: Гави (Барселона)