Астон Вила го отпушти менаџерот Стивен Џерард по поразот од Фулам во четвртокот вечерта, а клупските челници почнаа да бараат негова замена уште пред официјално да му биде врачен отказ на Џерард.
Челниците на Вила го контактирале Томас Тухел, кој не сакал да чуе што му нуди клубот од Бирмингем.
Британски „Телеграф“, пренесува дека Германецот добил покана да го замени Џерард, но дека не ни сакал да дојде на состанокот, туку на почетокот на телефонскиот разговор им рекол на луѓето од клубот дека не е заинтересиран за работноот место во Астон Вила.
Последниот тренерски ангажман на Тухел беше во Челзи, каде беше сменет на почетокот на септември по поразот (1:0) од Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампионите.
За отказот доби отпремнина од 17,5 милиони евра, па финансиски е згрижен и може сам да си избере работа.
По менаџирањето на лондонскиот тим тешко е да се поверува дека тој би избрал да преземе клуб кој ќе се бори за опстанок во Премиер лигата.
Астон Вила по седмиот пораз и само две победи во 11 натпревари во Премиер лигата е на 17. место, со девет бодови. како и Вулверхемптон.
Стивен Џерард (42) го презеде тимот на Астон Вила во ноември 2021. Тој потпиша договор на три и пол години, но доби отказ пред крајот на првата година.
Англиските медиуми како негов наследник го споменуваат и Маурисио Покетино.