Top Sport

Тан Хаг: Ќе сметам на Роналдо до крајот на сезоната

Ерик тен Хаг сподели што мисли за ситуацијата со Кристијано Роналдо и дали ќе се потпре на португалската ѕвезда во продолжението од сезоната во Премиерлигата.

„Кристијано тренира за да ја одржи формата и да биде подготвен за следниот натпревар против Шериф. Да се ​​врати во понеделник? Прво треба да разговараме. Дали суспензијата ќе биде подолга? Не, не мислам така. Не сакам да отусуствува долго од тимот. Сакам тој да биде дел од него и да придонесе со својот квалитет. Сметам на Кристијано Роналдо до крајот на сезоната. Тој е надвор од натпреварот со Челси, а потоа ние сме подготвени да одиме понатаму. Отворен сум за тоа и мислам дека тоа е напредок. Кристијано останува важен дел од тимот и ќе сметам на него“, изјави холандскиот стратег.

Кристијано Роналдо падна во немилост откако го напушти натпреварот со Тотенхем непосредно пред крајот, откако претходно одби да влезе како замена. Тен Хег го казни играчот со тоа што го испрати да тренира со младинскиот тим и тој ќе биде надвор за дерби натпреварот против Челси. Ќе мора да им се извини на стручниот штаб и на соиграчите и да плати парична казна од милион фунти.

Scroll to Top