Top Sport

„Граѓаните“ му земаа мерка на Брајтон, триумф за Евертон

Англискиот првак Манчестер Сити оствари нов триумф откако на „Етихад“ го совлада Брајтон со 3:1. Ерлинг Халанд ја продолжи гол-серијата со два нови погодоци. Тој го отвори резултатот во 22.минута, а потоа зголеми и на 2:0 од пенал во 43.минута од дуелот.

Брајтон намали со голот на Леандро Тросар во 53.минута, но триумфот на Сити го завери Кевин де Брујне во 75.минута.

Евертон го победи Кристал Палас со 3:0 на домашен терен. Калверт-Луин, Гордон и Мекнил беа стрелци на головите за Евертон.

Scroll to Top