Челси беше блиску до триумф, но Касемиро не дозволи Манчестер Јунајтед да загуби на „Стемдфорд бриџ“. Во 94.минута постигна првенец за Јунајтед во Премиерлигата, откако со удар со глава го совлада Кепа Аризабалага за конечни 1:1 во големото дерби во Лондон.
Шалоба најави водство на Челси кога ја погоди гредата, а во 87.минута Жоргињо донесе водство за домаќинот од пенал. Претходно, Скот Мектоминај го фаулираше Броја во шеснаесетникот, држејќи го со две раце во борбата за простор при корнерот од левата страна.
Жоргињо реализираше, но Манчестер Јунајтед не се предаде и успеа да израмни со голот на Касемиро.
Рафаел Варан се здоби со повреда и ја напушти играта во солзи, на само еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар.