Фудбалерите на Торино го победија Удинезе на стадионот „Фриули“ со 1:2 во првиот натпревар од неделната програма во Серија А.
Торино потврди дека од почетокот на сезоната игра подобро на гостински терен. три од четирите победи, тимот на Иван Јуриќ ги забележа надвор од својот стадион.
Водство на Торино му донесе Ола Аина, а да крајот на полвремето израмни Џерар Деулофеу. Конечниот резултат го постави талентираниот напаѓач Пјетро Пелегри во второто полувреме.
Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски на теренот влезе во 80.минута.
Удинезе сега има 21 бод и се наоѓа на шестото место, додека Торино со 14 поени е на деветтата позиција.