Ливерпул беа „најнесреќниот“ фудбалски клуб во Премиер лигата минатата сезона, додека Манчестер јунајтед имаа најмногу среќа, вели новата анализа на Универзитетот во Бат, Велика Британија.
Според оваа анализа, Ливерпул загубиле 12 поени во мечеви во кои имало влијание погрешно поништени голови, некоректни одлуки околу пенали и црвени картони, додека Манчестер јунајтед „заработиле“ шест поени во вакви ситуации.
Студијата исто така оценува дека Хадерсфилд требаше да испадне наместо Стоук ако се земат во предвид погрешните судиски одлуки, а Брајтон би завршиле шест места погоре (со што би заработиле дополнителни 11.5 милиони фунти). Ливерпул би го замениле местото со Јунајтед (од четврто на второ), а Сити не би освоиле 100 поени, туку три помалку, но сепак би биле шампиони.
За пример се зема натпреварот Ливерпул-Манчестер јунајтед од 14 октомври, кој заврши 0:0. Според анализата, тимот на Јирген Клоп требал да добие пенал во 63. минута, со што би победил со 1:0.
Повеќе за анализата на овој линк.
Liverpool unluckiest Premier League team Liverpool were the unluckiest team in the Premier League last season while Manchester United were among the luckiest, new research has revealed. https://t.co/2JGau6j8cZ
— EPL News Sky Sports (@EPLnewsSKY) August 7, 2018