Кинеското семејство Жанг, газдите на „Сунинг“ и на Интер ја ангажирале адвокатската фирма од Лос Анџелес, „Латам енд Воткинс“ да ја водат продажбата на италијанскиот клуб, тврди „Спортмедијасет“.
Според нивните извори, кинеските газди работат на обезбедување купувачи за „нераѕурите“ откако претходно ги овластија бнките „Рејн груп“ и „Голдман Сакс“ да најдат инвеститори, доека „Латам енд Воткинс“ ќе бидат задолжени за легалните обврски на клубот. Официјално, тие тврдат дека се бара само малцински акционер, но сепак, ќе биде интересен состанокот на акционерите оваа недела.
Минатиот месец, Стивен Жанг се сретна со газдата на НБА тимот Сакраменто кингс, Вивек Ранадив за потенцијален договор, но потоа не се јавија никакви детали. Според „Спортмедијасет“, „Сунинг“ сакаат работата да се заврши пред мај 2024 година, кога ќе мораат да вратат 275 милиони евра на „Оуктри“ з позајмицата која ја земаа за време на пандемијата на коронавирусот.
Futuro Inter: Zhang si affida allo studio legale Latham & Watkins per la cessione del club https://t.co/Ob0uf6eblx
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) October 24, 2022