Челси уште не заврши со трансферите ова лето, откако очекува две големи засилувања во ерата на Маурицио Сари – голманот Кепа Аризабалага, како и Хрватот Матео Ковачиќ.
„Сините“ се подготвени да ја платат откупната клаузула од 80 милиони евра за голманот на Атлетик Билбао, откако баскискиот клуб потврди дека нема да разгледува опции за продажба на голманот со кого оваа година го продолжија договорот. Оваа сума ќе биде рекордна за Челси, и поголема од трансферот на Алваро Мората, за кого платија 58 милиони фунти од Реал Мадрид, а во исто време Кепа ќе стане најскапиот голман на светот, пред Алисон Бекер, за кого Ливерпул платија 73 милиони евра на Рома.
Ова доаѓа откако е јасно дека Тибо Куртоа ќе замине од клубот откако реши да не се појавува на тренинзите на клубот. Реал би платиле 35 милиони евра за него.
Како дел за договорот на Куртоа, може да се склучи и договорот за позајмица на Матео Ковачиќ, смета шпанска „Марка“, бидејќи кралскиот клуб реши да се помири со ситуацијата дека Хрватот не сака да игра за нив, и покрај ветувањата на новиот тренер, Хулен Лопетеги дека ќе добие повеќе шанси во новата сезона.