Top Sport

Клоп: Го обожавам Тадиќ, бев лут кога замина во Ајакс

Ливерпул вечерва ќе гостува кај Ајакс во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Еден бод им е потребен на „црвените“ за и теоретски да го потврдат пласманот во осмина-финалето.

Во пресрест на натпреварот, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека е голем фан на Душан Тадиќ и дека имал план да го донесе на „Енфилд“ во 2018 година.

„Бев многу лут на себе кога тој отиде во Ајакс, бидејќи и јас бев заинтересиран за него. Го обожавам како играч“, изјави Клоп.

Тадиќ од Саутемптон во 2018 година за сума од 13.700.000 евра се пресели во Ајакс.

Во дресот на Ајакс, Душан Тадиќ има одиграно 209 натпревари, постигнал 94 гола, запишал 98 асистенции.

Scroll to Top