Top Sport

Дебакл на Шпанците во Лигата на шампионите

Дебаклот на шпанските екипи во Лигата на шампионите е глава тема во медиумите на Пиринејскиот полуостров. Три од четирите екипи не успеаја да се пласираат во осмуна-финалето. Место во нокаут-фазата избори само бранителот на трофејот Реал Мадрид, испаднаа Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја.

Во лигата на шампионите ќе се одигра уште едно коло, но јасно е дека ниту Барселона, ниту Атлетико, ниту Севиља нема да можат да стигнат до нокаут фазата на елитното натпреварување, што никогаш не се случило во 21 век.

Поточно, откако во 1999 година Шпанија доби четири места во Лигата на шампионите, ова е првпат само една шпанска екипа да ја мине групата.

Барселона доживеа дебакл во „групата на смртта“, со Баерн и Интер, Атлетико во невидена драма ремизираше 2:2 со Баер Леверкузен во Мадрид, а Севилја уште во вторникот се прости од ЛШ.

Атлетико во последното коло ќе се обиде да го зачува третото место кое води во Лигата на Европа, додека Барселона и Севиља веќе имаат обезбедени места во ова натпреварување.

Scroll to Top