Рафаел Надал по четврти пат го обезбеди првото место на АТП листата на крајот на годината, откако го совлада младиот Јужнокореец Хјеон Чунг со 7:5/6:3 во второто коло на Мастерсот во Париз.
31-годишниот Надал е најстариот број 1 на крајот на годината, и прв тенисер кој има над 30 години кој е на првото место на крајот на годината од воведувањето на компјутеризираниот рејтинг-систем во 1973 година.
Ова е само крунисување на фантастичната сезона за Надал, во која стигна до 10. титула од Ролан Гарос и третиот трофеј од САД опен и освои уште четири титули (Мастерс турнирите во Монте Карло и Мадрид, Барселона опен и Кина опен минатиот месец).
Шпанецот цела сезона беше вклучен во тесна битка со Роџер Федерер за првото место, откако досегашните „доминатори“ Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј имаа сезона одбележана со повреди и слаба игра. Федерер беше во игра да го замени Надал на првото место, меѓутоа во последен момент реши да се повлече од турнирот во Париз.
For the 4th time in his career, @RafaelNadal reigns as Year-End No. 1 in the @emirates ATP Rankings. ? https://t.co/LUyV8b9xrA pic.twitter.com/VZsb0JszAX
— ATP World Tour (@ATPWorldTour) November 1, 2017