Top Sport

Рели шампионот Ожие не знае дали ќе продолжи во 2018

Себастиен Ожие признава дека уште нема одлучено дали ќе се обврзе на уште една ВРЦ сезона, бидејќи пензионирањето од спортот останува една опција.

Откако доминираше во рели шампионатот четири години, заминувањето на Фолскваген како тим на крајот на 2016 го остави Французинот без место и блиску до пензија. Тој на крајот потпиша со тимот на М-Спорт Форд и ја освои петтата титула на претпоследната трка од сезоната во Велс минатиот викенд. Бидејќи Форд уште нема одлучено да го поддржи тимот, 33-годишниот Ожие беше поврзуван со враќање во Ситроен, но тоа не е сигурна опција.

„Уште ги анализирам работите во мојот начин на управување на кариерата и животот. Затоа не носам одлуки лесно. Да бидам искрен, во моментов немам донесено одлука. Уживам во времето поминато со сопругата и детето и малку поинаку гледам на животот, но тука е и чувството кога ќе победиш на рели трка. Тоа е многу забавно“, вели Ожие.

Деби победа за Еванс, петта светска круна за Ожие

Scroll to Top