Top Sport

УЕФА го суспендира Антоно Конте

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте ќе го пропушти претстојниот натпревар во Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј. Тоа е последен натпревар во групата и решавачки за пласман во нокаут фазата, а Италијанецот нема да биде на клупата поради црвениот картон на натпреварот против Спортинг.

Во Лондон, Тотенхем одигра 1:1 против Спортинг во петтото коло, а во шестата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Хари Кејн беше поништен. После тоа Конте доби црвен картон поради брни протести.

Доколку го победеа Спортинг, фудбалерите на Тотенхем ќе ја обезбедеа првата позиција во групата, вака место во осмина-финалето ќе треба да изборат на 1.ноември.

Лондонскиот тим е прв на табелата со осум бодови, а го следат Спортинг и Ајнтрахт со по седум бодови, додека Олимпик е последен со шест.

Како што објави „Гардијан“, УЕФА потврди дека ќе ја примени казната врз основа на нејзините дисциплински правила, во кои се наведува дека играч или службеник кој е исклучен од теренот или неговата непосредна околина, вклучително и техничката област, автоматски е суспендиран на следниот натпревар.

Правилата велат дека суспендираниот играч или службеник не смее да биде во техничката област на следниот натпревар или да комуницира со играчите или техничкиот персонал за време на натпреварот.

Покрај тоа, тренерот или кој било друг функционер на тимот кој е суспендиран не смее да влезе во соблекувалната и тунелот пред и за време на натпреварот.

Scroll to Top